Лиценца за проценител
Препознат и признат стандард во индустријата на проценувањето. Обезбедува доверба на клиентите и јавноста во компетентноста и независноста на проценителот.
Вештачење од област на геодезија
Вклучува прецизни мерења и примена на геодетски методи за добивање на научно оосновано мислење страна на сертифициран геодет за да се добие стручна и објективна оценка или мислење.
Процена од област на недвижнини
Професионална оценка на вредноста на имот, базирана на различни фактори како што се локација, состојба на имотот, пазарни услови и слично. Се користи во различни контексти, вклучувајќи продажба на имот, кредитирање, определување на застрашување и други правни и финансиски потреби.

25
Години
Искуство
За нас
Ние сме геодетско друштво кое располага со со современи геодетски инструменти, лиценцирани софтвери и проверен стручен кадар. Нашите услуги се дел од изработка на геодетски елаборати, вештачење и проценки.
Еден од најбитните прилози во постапка на ЛЕГАЛИЗАЦИЈА на бесправно изградени објекти, е изгработка на ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ.
Постоиме повеќе од 25 години. Во нашето портфолио се наоѓаат голем број задоволни клиенти.
Пишете ни
dgr.geomega@gmail.com
Јавете се
+389 75 468 223
Портфолио - поголеми проекти
- Реамбулации и воспоставување на катастар на недвижности за следните катастарски општини:
За Скопје: Чаир, Студеничане и Бојане. -
За Куманово: Биљановце, Романовце, Лопате, Лојане и Ваксинце.
За Тетово: Челопек и Боговиње.
За Струга: Корошишта. Сите катастарски општини се во Република Македонија, и се изработени во период од 2006-2010 година; - Трасирање и пратење на канал-цевковод од браната Стрежево до РЕК Битола во Битола, со должина од 14 км;
- Снимање и изработка на елаборат на оптички кабел од граничен премин Деве Баир-Брана Кнежево на Злетовска река (терен преку Осоговските планини) во должина од 35 км;
- Елаборат за експропријација за проектиран автопат на делница од Гиновце до Крива Паланка во должина од 15 км;
- Тековна работа на фирмата: работа со станки по разни предмети-катастарски работи, градежништво и друго;

Геодетски елаборати
Изработуваме геодетски елаборати врзани со следните предмети:

За утврдување на фактичка состојба на бесправно изградени објекти
Се работи за објекти кои немаат правно техничка документација. Геодетскиот елаборат претставува еден од најбитните прилози при постапка на легализација на објектот.

Физичка делба
Физчка делба се однесува на катастарски парцели и објекти кои се внесени во Имотен лист, а на кои е утвредено правото на сопственост

Промена на култура
Промена на култура се прави при следните состојби: - кога сакаме да го внесеме објектот во кат. операт, за кој има соодветна документација, - при промена на култура и класа на парцела.

Дополнително излагање
Дополнителното излагање се прави на катастарски парцели и објекти за кои не е утврдено правото на соптвеност во катастарскиот операт.

Исколчување на гранична линија
Се применува кај катастарски парцели на кои им е утвдено правото на соптвеност и се заведени во катастарскиот операт. При утврдување на гранична линија—меѓа на предметната парцела, потребна е упознаест и присутност на сите соптвеници на граничните соседни парцели.

Проектни задачи
ГЕО-МЕГА покрај катастарските работи, врши и инженески работи-проектни задачи од поголем обем
ПОНУДА ЗА СОРАБОТКА
Наведете го вашето конкретно барање и добијте најдобра понуда.
КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАСКонтакт
Контактирајте не и споделете ваши прашања и потреби, ќе бидеме среќни да ви помогнеме.